петок, 29 март 2024

Трибјут спектакл во Станица 26

Денеска во клубот Станица 26 бендот Епидемик ќе одржи концерт трибјут за Pearl Jam.

Објавено на

часот

Сподели

Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.

Журката почнува со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Билетите за Pearl Jam трибјутот на Epidemic можете да ги набавите на https://drugastrana.mk/event/pearl-jam-tribute-epidemic/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ