Трамп се закани дека може да ѝ нанесе уште поголема штета на Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денес дека може да направи уште многу за да ѝ наштети на кинеската економија, покажувајќи дека не планира да се откаже од трговската војна со Кина.

И покрај заострената реторика, Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг планираат да се сретнат на самитот Г20 во Аргентина кон крајот на ноември, пишува Вол стрит џурнал, повикувајќи се на функционери од двете земји.

Кина се надева дека средбата би помогнала да се ублажат тензиите во трговските односи на двете земји, а Трамповиот советник за економија Лери Кудлоу кажа дека за средбата уште се разговара.

Трамп во септември наметна царини на увозот од Кина од речиси 200 милијарди долари и се закани со нови доколку Кина возврати.

Кина одговори со сопствени царини на околу 60 милијарди долари вреден увоз од Соединетите Држави.

Царините „имаа голем ефект“, кажа Трамп за Фокс њуз. „Нивната економија значително ослабе, а има уште многу што сакам да направам“, кажа американскиот претседател па додаде: „Јас тоа не го сакам, но тие мора да седнат на преговарачка маса“.

Кинезите сакаат да преговараат, тврди Трамп, но оцени и дека тие сѐ уште не се спремни.

Вината за трговските односи со Кина тој им ја препиша на американските претседателите кои ѝ дозволувале на Кина нечесна трговска пракса. „А јас на Пекинг му кажав „Готово е со тоа““, истакна Трамп.

„Предолго предобро живееја и, искрено, ми изгледа дека мислат дека Американците се глупави. Американците не се глупав народ. Нѐ водеа лоши луѓе во трговијата“, кажа Трамп во емисијата Фокс енд френдс.

Поради трговската војна на САД и Кина Меѓународниот монетарен фонд ги намали прогнозите на светскиот економски раст за 2018 и 2019 година.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе