Им фрлаше маски на насобраните

Трамп се врати во предизборната кампања, вели дека се чувствува „моќно“ по ковидот (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп се врати во предизборната кампања со собир на Флорида, прв откако беше објавено дека заболел од ковид-19, па се појави на отворено не носејќи заштитна маска и фалејќи ги своите потези во борбата против пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Трамп е негативен на ковид-19 и не е заразен за други лица, соопшти лекарот на американскиот претседател Шон Конли пред собирот на Флорида.

Доаѓајќи на митингот кој се одржа на аеродромот Санфорд, Трамп им фрлаше маски на насобраните и повторуваше дека оздравел од ковид-19.

„Јас поминав низ тоа. Велат дека сум имун. Се чувствувам моќно“, им кажа Трамп на илјадите поддржувачи кои стоеја еден од друг, повеќето без маски. „На сите ќе виде дадам еден голем бакнеж“, им кажа Трамп.

Со враќањето на Трамп во кампањата почнаа последните три недели до изборите на 3 ноември, додека најновите анкети го покажуваат неговото сѐ поголемо заостанување зад противкандидатот, демократот Џо Бајден во државите кои би можеле да ги одлучат изборите.

Првиот собир планиран за оваа недела покажа дека Трамп не го сменил пристапот кон кампањата откако се зарази со вирусот. „Ако сакате да одите некаде, одете“, им кажа тој на насобраните.

Критичарите го обвинуваат Трамп дека не ги поттикнува присутните на митинзите, па дури ни персоналот на Белата куќа, на носење заштитни маски и почитување на мерките на физичка дистанца.

Најмалку 11 блиски соработници на Трамп беа позитивни на коронавирусот, со кој во САД се заразија повеќе од 7,8 милиони луѓе и од кој умреа над 214.000, додека милиони останаа без работа.

Трамп се обидува да ја смени динамиката на предизборната трка, за која анкетите спроведени на национално ниво и во неколку клучни држави покажуваат дека заостанува зад Бајден.

Американскиот претседател со месеци се обидува да го сврти вниманието на јавноста од вирусот и својот пристап кон пандемијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе