Трамп сè уште не го признава поразот, некои соработници се плашат од неговите последни денови на власт

Американскиот претседател Доналд Трамп собра околу себе група советници кои тргуваат со сè посомнителни тактики за поништување на резултатите на изборите.

EPA-EFE

Така е создадена неизвесна ситуација за која некои од високите функционери и лица блиски до претседателот кажуваат дека ќе доведе до неизвесност во последните денови од неговиот мандат.

„Никој не е сигурен каде води ова. Тој е претседател уште еден месец“, кажа еден функционер за Си-ен-ен.

Теоретичарката на заговори и правничка Сидни Пауел, поранешниот советник за безбедност Мајкл Флин, некогашниот главен стратег Стив Бенон и основачот на Оверсток Питер Наваро неодамна се најдоа во Овалната канцеларија за да го советуваат Трамп околу вртењето на резултатите на претседателските избори.

Трамп почнал да биде и неконстантен во врска со самото лидерство на власта. На средба на владиниот кабинет минатата недела поголемиот дел од времето го минал жалејќи се на измама на гласачите.

„На овие избори однесовме голема победа. Проблемот е што ни треба партија која ќе се бори. На овие избори однесовме голема победа и сите го знаат тоа. Ни треба на пример помош од министерството за правосудство, а потоа и од другите“, кажал Трамп за време на повик до Чарли Кирк кој разговорот го пренесувал со микрофон за учесниците на собирот на младите конзервативци во Вест Палм Бич на Флорида можат да го слушнат.

Извори влиски до американскиот претседател особена загриженост покажуваат поради враќањето на Сидни Пауел која пред само три недели беше исфрлена од официјалниот правен тим. Тие стравуваат поради тоа во што Пауел би можела да го увери Трамп во следните недели.

„Постои голема загриженост поради сè што претставува Сидни Пауел. Адвокатите се многу загрижени“, кажал извор близок до Трамп.

Трамп веќе пред некои советници кажал дека ќе одбие да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата, но малку луѓе веруваат дека тоа навистина ќе се случи.

Во меѓувреме, поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Бенон кажа дека исто така го советувал Трамп да именува специјални советници кои ќе ги истражат тврдењата за изборна измама и ќе ги истражат прашањата поврзани со синот на Бајден Хантер.

„Како што топло му препорачав на претседателот, потребно е да се именува специјален советник поради изборната измама и измамата на гласачите. Освен тоа, потребен е и специјален обвинител во врска со ситуацијата со Хантер Бајден“, кажа Бенон.

Неговите коментари сугерираат дека поранешниот главен стратег на Белата куќа повторно го советува Трамп иако е под обвинение.

„Трамп нема да се откаже и нема да ја признае победата на Бајден. Дури и ако не победиме ние, нема да дојде на инаугурацијата. Така и треба. Ова е незаконско“, кажа Бенон.

Државниот обвинител Вилијам Бар на прес-конференција се дистанцираше од идеите на Трамп.

„На многу избори, за жал, има измами и премногу сме толерантни кон тоа. Меѓутоа, на овие избори немаше системска измама“, кажа Бар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе