Го менува постојаното живеалиште

Трамп се сели од Њујорк на Флорида, њујорчани: „Носете си го“

Претседателот Трамп, кој целиот свој живот е жител на Њујорк и со децении беше еден од најистакнатите жители на градот, го смени своето постојано живеалиште од Менхетн во Палм Бич, Флорида.

Во документите поднесени до властите на округот Палм Бич кон крајот на септември, Трамп се изјаснил: „Јас сум, во времето на давањето на оваа изјава, чесен жител на државата Флорида.“ Меланија Трамп, првата дама, поднела идентичен документ.

Во образецот, познат како „декларација за живеалиште“, како нов дом на претседателот е наведено одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, кое понекогаш го нарекува „Зимска Бела куќа“ и каде што помина скоро 100 дена од стапувањето на должноста, вели Њујорк тајмс.

„Го почитувам Њујорк и луѓето од Њујорк и секогаш ќе ги почитувам“, напиша Трамп во серија твитови доцна во четвртокот, „но за жал, и покрај фактот што секоја година плаќам милиони долари во градски, државни и локални даноци, политичките лидери и од градот и од државата многу лошо ме третираат. Малкумина биле полошо третирани“.

Како што се ширеа вестите за промената, голем дел од градските и државните лидери, сите демократи, ја поддржаа одлуката на Трамп.

„Среќен ти пат“, објави гувернерот на Њујорк, Ендрју М. Куомо. „Не дека Доналд Трамп воопшто плаќал даноци тука... Носи си го, Флорида“.

Кори Џонсон, претседателот на градскиот совет во Њујорк, се согласи со него на Твитер: „СРЕЌЕН ТИ ПАТ!!“.

„Ич не се мисли“, духовито напиша градоначалникот Бил де Бласио.

Трамп е роден и пораснат во Квинс, каде што го презеде бизнисот со недвижнини на својот татко пред да го пренесе на Менхетн.

Во своите објави на Твитер, претседателот алудираше на својата локална непопуларност - скоро 80 проценти од Њујорк во 2016 година гласаа за Хилари Клинтон - но едно лице блиско до претседателот рече дека неговата одлука е заснована главно на даноците. Со тоа Трамп ќе стане еден од многуте богаташи што побарале засолниште во јужната држава.

Бидејќи Трамп одби да ги објави своите даночни документи, не е јасно колку пари тој заштедува со овој потег, но Флорида воопшто нема државен данок на доход или данок на имот, вели Вашингтон пост.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе