Трамп се расправа со новинар околу бројот на починати од коронавирус во САД (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на телевизиско интервју влегол во жива дискусија со новинар, енергично оспорувајќи го мерењето на бројот на смртни случаи поврзани со пандемијата во процент според бројот на жители.

Screenshot

Размената на мислењата следела како составен дел од напорите на американскиот претседател да ја намали сериозноста на обемот на пандемијата во Соединетите Држави, иако и неговите здравствени експерти сè повеќе предупредуваат на страшна зараза.

Во интервју за порталот Аксиос, кој го пренесува ХБО, Трамп тврдел дека Соединетите Држави всушност имаат „најмал“ број во светот во бројни категории, иако земјата има регистрирано 150.000 смртни случаи, повеќе од која било нација досега.

Новинарот Џонатан Свон во повеќе наврати се обидувал да го врати разговорот на тема „смртта како процент од вкупното население“, што според него покажува дека САД се соочуваат со сериозни проблеми.

„Не можете да го правите тоа“, возвраќал Трамп, извлекувајќи документи со графикони во боја.

Претседателот претпочитал да се фокусира на податоци за смртта во однос на бројот на случаи на зараза, што помага да се избегне прашањето дали САД имаат огромен број на инфекции.

„Не известувате коректно“, инсистирал американскиот претседател, кој се залага за теоријата дека Соединетите Држави направиле голем број тестирања и затоа бројките на зараза се толку големи. Неговите експерти исто така ја оспоруваат оваа теза.

Земјата на почетокот на летото забележа пад на смртните случаи поврзани со ковид-19, но бројките повторно пораснале. Во последните недели секој ден се регистрирани повеќе од 1.000 смртни случаи на ден.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе