„Компанијата и јас сме нападнати од сите страни“

Трамп се повика на Петтиот амандман, нема да сведочи под заклетва во истрагата за своето работење

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп соопшти дека се повикал на Петтиот амандман на американскиот устав и дека нема да одговара на прашања под заклетва во њујоршката граѓанска истрага за неговото работење.

EPA-EFE

Трамп вчера беше во канцеларијата на њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс, а по еден час го објави соопштението во кое наведе дека одбил да одговара на прашања во согласност со правата и привилегиите кои ги има секој граѓанин според уставот на САД.

Сè што би кажал за време на сведочењето би можело да биде употребено против него во кривична постапка. Инаку Џејмс против него води истрага од граѓанска природа, додека окружниот обвинител на Менхетн паралелно води кривична истрага.

Граѓанската истрага, која ја води Џејмс, вклучува тврдења дека компанијата Трамп организејшн погрешно ја навела вредноста не неговиот имот како што се голф терените и облакодерите, измамувајќи ги на тој начин кредитодавачите и даночните власти.

„Мојата голема компанија и јас сме нападнати од сите страни“, кажа Трамп претходно.

Сведочењето на Трамп доаѓа во клучен момент на истрагата на Џејмс – нејзиниот кабинет во мај соопшти дека се ближи крајот на истрагата и дека истражителите собрале значителни докази за да можат да поддржат правна постапка против Трамп и неговата компанија.

Сето ова се случува откако имотот на Трамп Мар а Лаго на Флорида „беше заземен од голема група агенти на ФБИ“, како што кажа Трамп.

Американските медиуми јавија дека пребарувањето е поврзано со документи кои Трамп можеби ги однел во Мар а Лаго кога замина од Белата куќа, иако според законот американскиот претседател по мандатот сите документи мора да му ги предаде на Националниот архив.

Во американското законодавство постои одредба, Петтиот амандман, според која лице повикано да одговара пред законот може да се определи за молчење, доколку тоа самото, или неговата одбрана смета дека тоа е во негов најдобар интерес. Тоа право го гарантира и уставот на САД.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе