Во Британија

Трамп се пофали дека се сретнал со Чарлс, „Принцот на китовите“

Веднаш по посетата на Обединетото Кралство преполна со гафови (меѓу другото, Трамп со кралицата се поздрави со тупаница, а Меланија пропушти да го изведе стандардниот женски поклон), американскиот претседател Доналд Трамп го збогати списокот, нарекувајќи го принцот Чарлс „Принц на китовите“.

Додека вчераутро се фалеше дека запознавал лидери за време на неговата неодамнешна минитурнеја низ Европа, Трамп на Твитер наместо „принцот од Велс“ (Wales) напиша „принцот на китовите“ (Whales), по грешка додавајќи едно х во зборот.

„Секој ден се среќавам и разговарам со 'странски влади'. Тукушто се сретнав со Кралицата на Англија (Обединетото Кралство), со принцот на китовите, премиерката на Обединетото Кралство, премиерот на Ирска, претседателот на Франција и претседателот на Полска. Зборувавме за 'Сè!'... “, напиша Трамп во сега веќе поправениот твит за средбите што ги одржал пред една недела.

За жал, постојано будното око на Твитер деновиве не пропушта ништо, особено кога станува збор за американскиот претседател, кој е склон кон избрзани коментари на социјалните медиуми.

„А кралот на планктоните, драгиот лидер на јастозите и маршалот на школките?“, напиша еден корисник на Твитер во врска со некои можни претенденти за идниот трон на измислениот принц на китовите.

Други прибегнаа кон испробаниот метод на гиф-формат за подбивање со печатната грешка.

Грешката инспирираше многумина и да ги активираат своите ограничени фотошоп-вештини за да го „боцнат“ американскиот претседател.

„Првите фотографии од средбата на Трамп со принцот на китовите“:

„Принтови на китови“:

Фин обид од Велшанецот Бен Мајлс Дејвис да го замени црвениот змеј на велшкото знаме со црвен кит.

Здружената подбивачка акција очигледно имала ефект бидејќи Трамп набргу пушти коригирана верзија на твитот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе