ОДБИ ДА ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊЕ

Трамп се испокара со новинар на Си-ен-ен: „Ширите лажни вести!“ (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на Доналд Трамп се сведе на натпревар во викање помеѓу него и дописникот на Си-ен-ен од Белата куќа, Џим Акоста, вели Дејли бист.

Трамп викаше: „Вие сте лажни вести!“ додека Акоста инсистираше да му постави прашање.

Кавгата почна Трамп кога го нарече Базфид „неуспешен куп ѓубре“. Тој рече: „Мислам дека тие ќе си трпат последици. Веќе ги трпат“ и додаде: „Што се однесува на тоа што Си-ен-ен го напумпа... Срамота е тоа што се случи. Срамота е и мислам дека мора да се извинат.“

Тогаш Акоста рече: „Бидејќи нè напаѓате, можете да ни одговорите на едно прашање?... Бидејќи ја напаѓате нашата новинска организација, може да ни дадете шанса?“, на што Трамп му одговори: „Не вие. Вашата организација е ужасна.“

Тој продолжи да го прекинува новинарот: „Тишина. Не бидете безобразен. Не бидете безобразен. Не, нема да ви одговорам на прашање. Нема да ви одговорам на прашање.“

Трамп ја почна конференцијата велејќи дека ги почитува повеќето новински организации, со исклучок на Базфид. Според новинарите што биле на местото на настанот, идниот прес-секретар Шон Спајсер по прес-конференцијата се карал со Акоста и налутено покажувал кон него.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе