Трамп: Сакав да го убијам Асад, но Матис се спротивстави

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека сакал да го убие сирискиот лидер Башар ал-Асад во 2017 година, но дека тогашниот министер за одбрана Џим Матис се спротивставил на таа операција.

„Повеќе сакав да го отстранам. Сè беше подготвено за тоа“, рече Трамп во емисијата Фокс енд френдс.

„Матис не сакаше да го направи тоа. Матис беше преценет генерал. Лош лидер“.

Овие откритија ги поткрепуваат извештаите од книгата на новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудвард, кој се прослави кога заедно со Карл Бернштајн ја откриа аферата Вотергејт, поради која претседателот Ричард Никсон си поднесе оставка.

Книгата на Вудворд, Страв: Трамп во Белата куќа, објавена во 2018 година, Трамп ја оцени за измислица.

„За тоа никогаш не се ни размислуваше“, им рече Трамп на новинарите во Овалната канцеларија на 5 септември 2018 година, коментирајќи ги наводите дека сакал да го убие Асад.

Изјавата на Трамп во вторникот беше дел од критиките на сметка на Матис, кого претседателот го нарече „голем човек“ кога го постави на чело на Пентагон, за подоцна тие двајца да се разидат во мислењата, а пензионираниот генерал на крај поднесе оставка кон крајот на 2018 година.

Трамп наводно размислувал за атентат врз Асад откако сирискиот лидер изврши хемиски напад врз цивили во април 2017 година.

Американскиот лидер рече дека американските сили би требало да „влезат“ и да го „убијат“ Асад, напиша Вудвард во својата книга.

Според новинарите, Трамп го повикал Матис и отворено му рекол дека сака да го убие сирискиот претседател. Матис го прекинал телефонскиот повик, се свртел кон неговиот соработник и кажал: „Ништо од тоа нема да направиме. Ќе бидеме многу поодмерени".

„Мислев дека тој (Асад) не е добра личност и имав шанса да го отстранам, но Матис беше против тоа“, рече Трамп.

„Матис беше против повеќето такви работи“.

Асад владееше со Сирија за време на разорната граѓанска војна во која беа убиени стотици илјади луѓе.

Неговиот режим е обвинет за низа кривични дела, вклучувајќи тортура, егзекуции по кратка постапка, силувања и употреба на хемиско оружје.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе