Во интервју за Фокс њуз

Трамп: Сакам Американците кон мене да се однесуваат како Корејците кон Ким (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз меѓу другото изјави дека сака Американците да го третираат исто како што Севернокорејците го третираат диктаторот Ким Џонг Ун, пренесуваат агенциите.

Трамп во разговор во живо за Фокс њуз најави воведување нови царини и ја коментираше неодамнешната средба на Г7 во Канада. Тој се обиде да ги намали сѐ поголемите и очигледни разлики меѓу најразвиените светски земји и САД, при што кажа: „Во моментот кога си заминав од Кина (мислејќи на Канада) беше тоа фантастична средба. Се гушкавме, се бакнувавме“.

Трамп го коментираше и одвојувањето на децата на емигрантите од нивните родители. За тоа го обвини „законот на демократите“, но таков закон не постои.

Тој не ја пропушти приликата да го нарече ФБИ „ѓубре“ и се закани дека ќе се вмеша во правосудството „ако нештата се влошат“.

Кажа и дека сака Американците кон него да се однесуваат како Корејците кон Ким Џонг Ун. „Тој е лидер на дражавата и тој е силен лидер. Кога зборува, неговиот народ станува и слуша. Сакам и мојот народ да го прави истото“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе