Трамп сака да го протера Ѓулен?

Белата куќа бара начини како да се ослободи од Фетула Ѓулен, најголемиот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој живее во доброволен егзил во САД.

Вашингтон се надева дека таквиот потег би го омекнал ставот на Турција околу убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, тврдат двајца високи американски функционери..

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од неколку американски сојузни агенции да најдат законски начини за екстрадиција на Ѓулен, кого Турција го смета за одговорен за неуспешниот обид за преврат во таа земја пред две години, објави Бизнис инсајдер.

Обидите вклучуваат насоки на министерството за правда и ФБИ повторно да го отворат случајот за екстрадиција на Ѓулен, како и барање за информации за неговиот правен статус во одделот за државна безбедност, тврдат изворите. Белата куќа, како што се наведува, особено била заинтересирана за деталите за резидентскиот статус на Ѓулен во САД.

Тој има зелена карта и живее во Пенсилванија од крајот на 90-тите години. Ниедна од споменатите американски агенции не сакала да го коментира извештајо, но еден турски функционер за Ен-би-си изјави дека турката влада не го поврзува случајот на Ѓулен со убиството на новинарот-дисидент Џамал Кашоги.

„Ние дефинитивно не гледаме врска меѓу овие два случаи. Скааме да видиме дејствување на САД во вид на екстрадиција на Ѓулен. И ние ќе ја продолжиме нашата истрага околу случајот Кашоги“, изјави турскиот функционер.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе