Трамп сака Бразил да стане членка на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со новиот бразилски десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој е во повеќедневна посета на Соединетите Американски Држави, јавуваат агенциите.

Се очекува двајцата лидери да разговараат за многу прашања, вклучувајќи го проширувањето на трговските односи, зголемување на инвестициите на приватниот сектор на САД во Бразил како и решавање на актуелната политичка криза во Венецуела.

Трамп пред средбата во Белата куќа го пофали Болсонаро кажувајќи дека многумина го нарекуваат „јужноамериканскиот Трамп“ и оценувајќи дека тој веќе завршил „извонредна работа“, пренесува Асошиејтед прес.

Американскиот претседател кажа и дека Болсонаро водел неверојатна кампања, а дека тој е почестен што таа кампања многумина ја споредувале со неговата од 2016 година.

Трамп истакна и дека ги поддржува напорите на Бразил да се придруи на Организацијата за економска соработка и развој и порача дека САД многу силно ги поддржуваат напорите на Бразил да ги зајакне врските со НАТО.

„Ние многу, многу сериозно го разгледуваме тоа, без оглед дали станува збор за НАТО или што и да е друго поврзано со Алијансата“, им објасни Трамп на новинарите, истакнувајќи дека односот меѓу двете земји е подобар од кога било.

„Имам намера на Бразил да му дадам статус на водечки сојузник кој не е член на НАТО или е можнно да стане и сојузник член на НАТО“, кажа Трамп на заедничката прес-конференција со бразилскиот претседател.

Болсонаро возврати дека му се восхитува на Трамп и додаде дека е сигурен дека тие двајца ќе работат на заедничките интереси.

„Токму како што Трамп сака да има силна Америка, јас сакам да имам силен Бразил“, кажа Болсонаро.

Синот на Болсонаро, Едуардо, бразилски пратеник кој го придружува својот татко на првото билатерално патување во странство, ја опиша ЦИА како „една од најугледните разузнавачки агенции во светот“ во твит кој веројатно ќе предизвика реакции во Бразил, каде на САД и нејзините шпионски агенции во последните години не се гледа позитивно.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе