Трамп: САД треба прво да ја финансираат безбедноста на училиштата, а потоа да ѝ помагаат на Украина

САД треба да дадат предност на финансирањето на безбедноста во училиштата, а потоа да обезбедат помош на Украина, рече поранешниот претседател Доналд Трамп неколку дена откако во Тексас беа убиени 19 ученици.

Фото: ЕПА

„Ако САД може да испрати милијарди во Украина, тогаш треба да можеме да сториме сè што е можно за нашите деца да бидат безбедни“, рече Трамп на конвенција на Националното здружение за оружје (НРА) која се одржува три дена по масовното пукање во Увалде.

„Потрошивме трилиони во Ирак и Авганистан и не добивме ништо од тоа. Пред да им помагаме на народите ширум светот, треба да инвестираме во безбедноста на нашите сопствени училишта“, рече Трамп денес, пренесе Би-би-си.

Американскиот Конгрес претходно овој месец со големо мнозинство изгласа испраќање на речиси 40 милијарди долари воена помош во Украина. Севкупно, САД на Украина ѝ испрати околу 54 милијарди долари помош од почетокот на руската инвазија.

Трамп на конференцијата рече и дека построгата контрола на оружјето не е неопходна затоа што „на добрите Американците им е потребно огнено оружје за да се одбранат од злото“. Наместо тоа, смета дека акцентот треба да биде во инвестицијата во безбедноста на училиштата. Тој рече дека секое училиште треба да има само еден влез, силна ограда и детектори на метал и додаде дека во секое време во секое училиште треба има полицаец или вооружен чувар.

„Како што вели старата поговорка, единствениот начин да се запре лош човек со оружје е добар човек со оружје. Постоењето на злото е една од најдобрите причини да се вооружат граѓаните кои го почитуваат законот“, рече Трамп.

„Јасно е, во голема мера мора да го олесниме затворањето на насилните и лицата со ментално растројство во психијатриските институции“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе