Трамп: САД сè уште немаат докази дека Навални е отруен

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Соединетите Држави мораат „многу сериозно“ да го испитаат наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но дека неговата администрација сè уште не видела докази.

Фото: ЕПА

„Тоа е трагично. Тоа е страшно, не смееше да се случи. Сè уште немаме докази, но ќе истражиме“, рече Трамп на прес-конференција, а потоа на новинарите им порача дека треба да се фокусираат на Кина, а не на Русија.

Трамп не зазеде толку остар став како Стејт департментот, кој во петокот изрази сериозна загриженост во врска со откритието дека Навални е отруен.

Заменик-државниот секретар Стивен Бигун на состанок во Вашингтон му рекол на рускиот амбасадор Анатолиј Антонов дека руската употреба на хемиско оружје би била јасно кршење на нејзините обврски согласно со Конвенцијата за хемиско оружје.

„Заменик-државниот секретар ја повика Русија целосно да соработува со меѓународната заедница во истрагата на нападот“, рече портпаролката Морган Ортагус.

Германија соопшти дека Навални, кој е таму во болница, бил отруен со советскиот нервен гас новичок, нагласувајќи дека сторителите мора да одговараат. Русија досега не отвори истрага и тврди дека сè уште нема докази за кривично дело.

Трамп рече и дека САД се спремни да помогнат во решавањето на спорот меѓу Индија и Кина околу границата што минува низ западните Хималаи.

Американскиот претседател пред новинарите изјави дека ситуацијата е „многу непријатна“, додавајќи дека двете земји се „многу поостри отколку што многумина воопшто можат да сфатат“.

Двете страни распоредија дополнителни сили по должината на границата по јунскиот конфликт, во кој беа убиени 20 индиски војници.

Министрите за одбрана на Индија и Кина требаше во петокот во Москва да одржат разговори на највисоко ниво.

Говорејќи на прес-конференцијата во Белата куќа, запрашан за конфликтот, Трамп рече дека Вашингтон разговара со двете земји за тоа што може да помогне во смирување на ситуацијата.

„Ние сме подготвени да им помогнеме на Кина и Индија. Ако можеме да сториме што било, со задоволство ќе се вклучиме и ќе помогнеме“, додаде тој.

Трамп и во минатото нудеше да посредува меѓу двете земји. Кина одговори дека нема потреба од посредство на трети страни, а се чини дека ниту Индија не ја прифаќа идејата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе