Трамп: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денес кажа дека го прекинува односот на САД со Светската здравствена организација (СЗО) поради управувањето со кризата предизвикана од ширењето на новиот коронавирус и ја обвини организацијата дека всушност станала марионета на Кина.

EPA-EFE/YURI GRIPAS

Трамп на конференција за медиумите во Белата куќа ги повтори заканите дека САД прекинуваат да ја финансираат СЗО.

Тој истакна дека СЗО не ги спровела реформите кои ги побарал претходно месецов. Трамп кажа дека кинеските функционери „ги игнорирале своите обврски за поднесување извештаи“ за вирусот на СЗО и ја критикуваше СЗО дека не го информирала светот соодветно кога кинеските власти за првпат го откриле вирусот.

„Кина има целосен надзор врз Светската здравствена организација иако плаќа само 40 милиони долари годишно додека Соединетите Држави плаќаат околу 450 милиони долари годишно. Ние ги наведовме реформите кои мора да ги спроведат и директно им се обративме но тие одбија да дејствуваат“, кажа Трамп.

„Затоа што не ги спроведоа побараните неопходни реформи, денес ќе го прекинеме нашиот однос со Светската здравствена организација и тие средства ќе ги насочиме кон други во светот и за оправдани итни потреби на глобалното јавно здравство“, кажа американскиот претседател.

Трамп веќе некое време ја доведува во прашање вредноста на Обединетите нации и мултилатерализмот. Откако ја презема функцијата го напушто Советот за човекови права на ОН. УНЕСКО, глобалниот договор за борбата против климатските промени и договорот за иранската нуклеарна програма.

СЗО и генералниот секретар на ОН сѐ уште не одговорија на одлуката на Трамп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/YURI GRIPAS

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе