Трамп: Размислуваме да објавиме снимка од операцијата во која е убиен Багдади

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, објави дека делови од операцијата во која загина лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, може да бидат објавени.

Трамп пред да замине во Чикаго во базата во Мериленд одговараше на прашања од новинарите. Тој рече дека викендот бил исклучителен за Соединетите Држави.

„Да, размислуваме за тоа. Можеби ќе издвоиме одредени делови и ќе ги објавиме“, рече Трамп на прашањето дали размислуваат да објават видео од операцијата во која загина ал-Багдади.

На прашањето зошто за операцијата не биле известени претседателката на Конгресниот дом, Ненси Пелоси, и други функционери, Трамп рече дека верува оти претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Адам Шиф, е човекот што најмногу издава информации во Вашингтон.

„Вие го знаете тоа, го знам и јас, сите го знаеме. Имам видено како Шиф издава информации“, рече Трамп.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе