Трамп размислува да го шутне Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го замени својот советник за национална безбедност, Џон Болтон, поради неговите планови да ги втурне САД во воен конфликт со Иран, Венецуела и Северна Кореја.

Болтон „е тргнат кон излезната врата, откако леташе премногу блиску до сонцето во напорите за промена на режимот за Иран, Венецуела и Северна Кореја“, објави во вторникот Нешнел интрест, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

„Слушам дека Трамп сака тој да си оди“, рекол за списанието поранешен висок претставник на администрацијата на Трамп.

Во Вашингтон има шпекулации дека „сега има видлива дистанца помеѓу Трамп и Болтон“, се додава во текстот.

Во несогласувањата сега е вклучен и американскиот државен секретар Мајк Помпео, според официјалните лица. Официјален претставник на Стејт департментот и поранешен функционер во Белата куќа објавија дека Болтон и Помпео „постојано се караат“.

Поранешниот висок функционер во Стејт департментот истакна дека Помпео е согласен за изолирањето на Иран, но се плаши од војна што би можела да зафати голем дел од Блискиот Исток.

„Џон Болтон е проблемот... Советникот за национална безбедност на Трамп станува опасен... особено за идеалите на претседателот“, напиша Даглас Мекгрегор, ривал на Болтон и потенцијален наследник, за Спектатор УСА.

САД ги зголемуваат економскиот и воениот притисок врз Иран, при што Трамп неодамна побара од Техеран да разговара со него.

„Она што го барам од Иран е да ми се јават“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа во четвртокот.

Но тогаш тој изјави дека нема да ја отфрли можноста за воена акција во Иран поради ескалацијата на тензиите, па го искритикува поранешниот државен секретар Џон Кери за неговата вмешаност во ова прашање.

Болтон во неделата изјави дека САД испраќаат група носачи на авиони и бомбардери на Блискиот Исток како „јасна и непогрешлива“ порака до Иран.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе