Откако го отпушти државниот секретар

Трамп: Различен начин на размислување со Тилерсон, добра хемија со Помпео

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „хемија“ со директорот на ЦИА, Мајк Помпео, но дека нема исти ставови со Рекс Тилерсон. Помпео го замени Тилерсон како државен секретар.

„Подолго време работев со Мајк Помпео“, изјави Трамп на новинарите по својата одлука. Тој додаде дека е „секогаш на иста бранова должина“ со поранешниот директор на ЦИА и ја пофали неговата „огромна енергија“ и „огромниот интелект“.

Трамп денеска објави дека тој го отпуштил Тилсон и го заменил со Помпео. Заменик-директорката на ЦИА, Џина Хаспел, е назначена за наследник на Помпео како шеф на американската разузнавачка служба.

„Што се однесува на Рекс Тилерсон, јас многу ја ценам неговата посветеност и неговото служење“, рече претседателот, нарекувајќи го поранешниот висок дипломат „добар човек“. Трамп, исто така, рече дека сосема добро се согласил со Тилерсон во признавањето дека тие „не се согласувале за нештата“.

Тој конкретно го спомена нуклеарниот договор со Иран како една од главните точки на несогласување. „Навистина не размислувавме исто“, рече Трамп, мислејќи на ставот на Тилерсон кон договорот. Во исто време, претседателот рече дека тој и Помпео „имаат сличен мисловен процес“.

„Јас сакав или да го прекинам или да направам нешто (со него)“, рече Трамп за договорот со Иран, додавајќи дека Тилерсон „се чувствувал малку поинаку“ во врска со тоа.

Навистина се чинеше дека поранешниот висок американски дипломат има поумерен став кон договорот, оценуваат светските агенции, затоа што тој постојано зборуваше за „поправање“ на договорот, наместо за негово укинување.

Во почетокот на јануари беше објавено дека тој работи со лидерите на Конгресот „на многу активна основа“ за да подготви легислатива што ќе го „поправи“ договорот со Иран. „Претседателот рече дека или ќе го поправи или ќе го откаже“, изјави тогаш Тилерсон за АП, додавајќи: „Ние сме во процес на обид да го исполниме неговото ветување дека ќе го поправи“.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе