Трамп разговарал со републиканците, кажа дека сноси „одредена одговорност“

Американскиот претседател Доналд Трамп признал дека сноси „одредена одговорност“ за минатонеделниот упад во Конгресот, кажал лидерот на републиканците во Конгресот Кевин Мекарти во разговор со партиските колеги, потврдила две лица запознаени со содржината на состанокот.

EPA-EFE

Мекарти, кој самиот го смета Трамп одговорен за насилството, ги споделил деталите од телефонскиот разговор со Трамп за време на двочасовниот виртуелен состанок со републиканските пратеници од кои многумина имаат различни ставови за упадот во Конгресот, кажале изворите за британската новинска агенција Ројтерс.

Илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа во средата во Конгресот, предизвикувајќи евакуација на пратениците кои се собраа на заедничка седница на двата дома на Конгресот за да ја потврдат победата на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден на американските претседателски избори.

Нападот резултираше со пет изгубени животи.

Насилството изби откако Трамп ги повика поддржувачите да тргнат на Конгресот на собирот на кој ги повторуваше неоснованите тврдења дека му е украдена победата на американските претседателски избори.

Трамп најпрво одбиваше да го осуди нападот, повторувајќи ги своите неосновани тези за изборна измама и нарекувајќи ја толпата која упадна во Конгресот „група многу исклучителни“ луѓе.

Ден подоцна насилството го опиша како „гнасен напад“ и се обврза на обезбедување непречен пренос на власта, иако не го призна изборниот пораз.

Вчера на барање на градските власти на Вашингтон одобри прогласување на вонредна состојба во американската престолнина до 24 јануари откако властите предупредија на безбедносните ризици и закани за инаугурацијата на Бајден, објави Белата куќа.

„Јасно му кажав на претседателот. Тој сноси одговорност за сопствените зборови и дела“, им кажа Мекарти на републиканците вчера, според еден од изворите.

„Лично го прашав денес дали сноси одговорност за она што се случи и дали се чувствува лошо поради она што се случи. Ми кажа дека сноси одредена одговорност за настанот“.

Мекарти додал дека побарал од Трамп да му се јави на Бајден, „за доброто на оваа нација“.

Според сајтот Аксиос, Трамп приватно ги обвинил антифашистите за упадот во Конгресот, иако снимките и другите докази покажуваат дека бунтовниците беа негови поддржувачи.

Аксиос пишува дека тоа го кажал во получасовниот разговор со Мекарти, повикувајќи се на неименуван функционер на Белата куќа и уште еден извор запознаен со содржината на разговорот.

Мекарти во разговорот, кој според Аксиос бил повремено напнат и агресивен, му кажал: „Не Антифа, туку МАГА. Знам. Бев таму“. МАГА е кратенка за кампањата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ која ја користат неговите поддржувачи.

Мекарти, според Аксиос, го советувал Трамп да се сретне со новоизбраниот претседател и, во согласност со традицијата, да му остави лично писмо во Белата куќа.

Белата куќа не ги коментираше овие тврдења.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе