Асошиејтед прес

Трамп првпат призна дека Русија се обидувала да му помогне во претседателската кампања (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот налутено ги нападна мотивите на специјалниот советник Роберт Малер, еден ден откако Малер отворено кажа дека истрагата за Русија не го ослободува од обвинението за попречување на правдата.

Претседателот, исто така, даде контрадикторни пораки за обидите на Русија да му помогне да ја порази демократката Хилари Клинтон во кампањата во 2016 година. 

Во почетокот на денот, Трамп објасни дека немал „никаква врска со тоа што Русија ми помагаше да бидам избран“. Тоа беше првпат тој да признае дека Русија се обидувала да му помогне во неговата кампања, вели АП.

Потоа, на јужниот тревник во Белата куќа Трамп им изјави на новинарите: „Русија не ми помогна да бидам избран. Знаете кој помогна да бидам избран? Знаете кој помогна да бидам избран? Јас помогнав да бидам избран. Русија воопшто не ми помогна.“

Во 20-минутното истурање гнев Трамп подвлече дека останува длабоко вознемирен поради истрагата што речиси две години го засенувала неговото владеење, дури и откако Малер соопшти дека дал оставка и дека ја затвора својата канцеларија. Демократите размислуваат за можноста да покренат постапка за отповикување.

Трамп инсистираше дека е строг кон Русија и дека Москва би ја претпочитала Клинтон како претседател. Но тоа не е она што го кажа рускиот претседател Владимир Путин, вели АП. Кога минатата година во Хелсинки го прашаа дали сакал Трамп да стане претседател, Путин одговори: „Да, сакав“.

Во средата, Малер, во својот јавен коментар за истрагата за Русија, остро ги отфрли тврдењата на Трамп, кои овој речиси секојдневно ги повторуваше, дека истрагата на специјалниот совет го ослободила од секакво кривично дело и дека е „лов на вештерки“. Малер истакна дека не го ослободил Трамп за обвинението дека ја попречувал правдата, но рече дека да се поднесе обвинение против Трамп „не доаѓаше предвид“, поради правилата на Министерството за правда.

„Ако бевме сигурни дека претседателот дефинитивно не извршил криминал, ќе го кажевме тоа“, рече Малер.

Трамп вчера ги повтори своите неосновани тврдења дека Малер имал „конфликт на интереси“, тврдејќи дека Малер, кој беше директор на ФБИ под претседателот Џорџ Буш, сакал да се врати на старата работа, но Трамп го одбил. Претседателот рече дека Малер, републиканец, е „закоравен припадник на 'Никогаш Трамп'“ и „не ја добил работата што многу ја сакал“.

Сепак, за Малер било размислувано за функцијата директор на ФБИ кратко време пред да биде назначен за специјален советник, вели АП. Но тогашниот главен стратег на Белата куќа, Стив Банон, рече дека иако Белата куќа го поканила Малер да разговара со претседателот за ФБИ и сакала да побара од него повторно да стане директор, Малер рекол дека не бара работа.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе