Трамп призна дека понекогаш жали поради своите објави на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понекогаш жали поради своите објави на Твитер и призна дека знае да биде импулсивен на таа социјална мрежа и дека можеби ќе му биде подобро да биде повнимателен.

EPA-EFE/Stefani Reynolds

„Пречесто“, одговори Трамп кога беше запрашан дали понекогаш жали поради своите објави во разговор со Дејвид Портној, основач на порталот Барстул спортс.

Трамп брзо додаде дека не ги гледа како проблем своите коментари на мрежата, туку објавите на своите следбеници што ги пренесуваат.

„Речиси секогаш во проблем те носат ретвитовите“, рече Трамп, признавајќи дека не ги проверува секогаш внимателно лицата чии објави ги пренесува на својот профил на Твитер.

Трамп пренесувал објави од профили кои припаѓаат, како што се чини, на теоретичари на заговор или расисти.

„Во старите денови, пред ова, ќе напишевме писмо и ќе речевме: ‘Ова е навистина лошо писмо’, ќе го оставивме на маса и кога следниот ден ќе се вративме, ќе речевме: - Мило ми е што не го испратив“, продолжи Трамп.

„Но, така не работиме на Твитер, зарем не? Веднаш објавуваме“, рече тој, додавајќи дека, веројатно советниците, честопати по лоша објава почнувале да му се јавуваат по телефон.

Американскиот претседател призна дека ужива на социјалните мрежи. „Понекогаш го сакам тоа. Понекогаш и премногу“, продолжи тој.

Трамп на Твитер има 84 милиони следбеници и тоа е негова главна платформа меѓу социјалните мрежи. Тој често ја користи оваа социјална мрежа за да ги нападне политичките противници или медиуми за кои верува дека шират „лажни вести за него и неговите политики“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Stefani Reynolds

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе