„Вашиот омилен претседател не направи ништо лошо“

Трамп: Прислушкувањето може да е незаконско

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека тоа што неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен ги прислушкувал неговите приватни телефонски разговори е „нечуено и можеби незаконско“.

Трамп реагираше на сознанието дека неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен тајно го снимал разговорот со него за можната исплата на поранешниот модел на Плејбој за аферата со Трамп. Тој разговор се случил неколку недели пред Трамп да биде избран за претседател во 2016 година.

„Незамисливо е дека владата ќе упадне во адвокатска канцеларија (рано наутро) - речиси нечуено. Уште понезамисливо е дека адвокатот ќе го снима клиентот - сосема нечуено и можеби незаконско. Добра вест е дека вашиот омилен претседател не направил ништо лошо“, објави Трамп на Твитер.

Неговиот сегашен адвокат соопшти дека до исплата не дошло.

Снимката од разговорот е дел од документацијата и електронските записи, кои биле запленети на почетокот на оваа година од долгогодишниот правен застапник на Трамп.

Коен оттогаш јавно е дистанциран од претседателот и моментално се наоѓа под истрага.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе