Акциите на Боинг паднаа

Трамп пресече: САД ги забранија летовите на проблематичниот боинг 737 макс (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на летовите на сите авиони боинг 737 макс, авионот кој во неделата се урна во Етиопија при што загинаа 157 луѓе.

„Итно ќе прогласиме сопирање на сите летови на 737 макс 8 и 737 макс 9“, кажа Трамп и додаде дека „безбедноста на Американците и сите патници е нивниот апсолутен приоритет“.

Генералниот директор на Боинг Денис Мјуленберг веднаш реагираше и повторно изрази целосна доверба во безбедноста на 737 макс. Објасни дека самиот конструктор препорачал привремено приземјување на флотата авиони.

Вчера Европската агенција за безбедност на воздухопловниот сообраќај (ЕАСА) ги прекине сите летови на просторот на ЕУ за авионите боинг 737 макс 8 и 737 макс 9 поради фаталното уривање во неделата.

Британија, Германија, Франција и Ирска беа последните во низата држави кои објавија дека ги затвораат своите воздушни простори за авионите на Боинг.

Ројтерс наведува и дека Норвиџан ерлајнс го сопреле користењето на своите 18 боинг 737 макс 8 по предупредувањето на воздухопловните власти на Европската Унија.

Стравот од несреќа избриша милијарди долари од пазарната вредност на најголемиот светски произведувач на авиони бидејќи акциите на компанијата Боинг ко изгубија речиси пет отсто од вредноста вчера.

Речиси 40 отсто од активната флота од 371 авион боинг 737 макс се приземјени на светско ниво, според Флајтглобал, а тоа вклучува и 97 авиони на најголемиот пазар, во Кина.

Пред пет месеци авион 737 макс се урна во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе.

Во понеделникот ФАА објави низа промени во дизајнот и барањата за оспособување кое ги одобри Боинг на флотата макс авиони по индонезиската несреќа.

Нема докази дека двете несреќи се поврзани. Воздухопловните експерти истакнуваат дека е прерано да се нагаѓа за причината на последната несреќа. Повеќето несреќи се случуваат како последица на уникатна низа на човечки и технички грешки.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе