„Трамп преплашено му се улизува на тиранинот и силеџија Путин“

Лидерката на Демократската партија во Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси изјави дека Путин е „тиранин и силеџија“, кому Трамп „преплашено му се улизува".

Таква беше реакцијата на Ненси Пелоси на планот на Белата куќа на есен да го угости рускиот претседател Владимир Путин.

АП објави дека Пелоси рекла дека претседавачот на Претставничкиот дом Пол Рајан мора јасно да каже дека Путин нема да биде повикан да му се обрати на Конгресот, доколку дојде во Вашингтон.

Се наведува дека Пелоси порачала дека „не може да верува“ кога слушнала дека Трамп од советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон побарал да го покани Путин во главниот град на САД.

Пелоси го нарече Путин „тиранин и силеџија“ и рече дека Трамповото „преплашено улизување пред Путин е срамота и сериозна закана за американската демократија.“

Пелоси рече дека одлуката за повикување на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот треба да ја донесат демократите и републиканците.

Таа оцени дека Путиновите „напади кои и понатаму траат на американските избори и и на западните демократии и неговите незаконски дејства во Крим и останатата Украина, заслужуваат едногласна осуда од меѓународната заедница, а не ВИП билет за главниот град на американската нацијата“.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе