Трамп преку Твитер ја откажа посетата на Лондон

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Лондон, каде требаше да ја отвори новата американска амбасада во Британија, која како што процени тој е уште една лоша одлука на неговиот претходник Барак Обама.

„Патувањето во Лондон го откажувам бидејќи не сум голем обожавател на администрацијата на Обама која ја продаде најубавата амбасада на најдобрата локација во Лондон за „кикири“ и тоа за да изгради нова на одалечена локација за 1,2 милијарди долари“, напиша Трамп на Твитер .

Трамп кратко рече: „Лоша зделка. Сакаат да ја пресечам лентата. Не!“

Посетата на Трамп беше планирана за февруари. Британскиот печат наведува дека се очекувало американскиот претседател во Лондон да го дочекаат демонстрации од противниците на неговата политика.

Восочна фигура на американскиот претседател Доналд Трамп од Мадам Тисо е поставена пред новата американска амбасада во Најн Елмс во Лондон.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе