За да ги забави

Трамп предложил да им се пука на мигрантите во нозе и пред ѕидот да има ров со змии и алигатори

Нова книга од новинари на Њујорк тајмс тврди дека претседателот сакал на мигрантите да им се пука во нозете за „побавно да одат“.

Доналд Трамп сакал граничниот ѕид меѓу САД и Мексико да има ров полн со змии и алигатори, вели новата книга.

Претседателот, исто така, наводно сакал ѕидот да биде електрифициран, со шилци на врвот доволно остри за да прободат човечка кожа, а оние што ја прескокнуваат границата да бидат застрелувани во нозете.

Извадоци од книгата „Гранични војни: нападот на Трамп врз имиграцијата однатре“ се објавени во Њујорк тајмс и ги откриваат идеите што ги давал Трамп за време на состаноците во Овалната канцеларија.

Во обид да го запре приливот на имигранти, Трамп во март јавно се закани дека ќе ја затвори целата граница од 3.000 и кусур километри со Мексико.

Книгата, напишана од новинарите на Њујорк тајмс Мајкл Д Шир и Џули Хирчфилд Дејвис, открива дека претседателот барал границата да се затвори до пладнето следниот ден.

Но неговите советници се плашеле дека американските туристи може да бидат заглавени во Мексико, децата би можеле да бидат заробени во училиштата од обете страни на границата и дека може да дојде до економски проблеми.

„Правите да изгледам како идиот! Влегов во ова. Ова е мој проблем“, наводно викал Трамп.

Шир и Хирчфилд Дејвис велат дека советниците, меѓу кои и тогашната шефица за безбедност Кирстен Нилсен, како и Џеред Кушнер, го напуштиле состанокот „речиси во паника“ и се обиделе да го премислат претседателот кога дошло до еднонеделно одложување на потегот.

Претседателот Трамп подоцна се обиде да притисне за затворање на границата, па му рекол на тогашниот началник за царина и гранична заштита Кевин Мекалинан да престане да ги прима мигрантите и му ветил дека ќе го помилува ако се најде во неволја.

Подоцна таа недела тој им рекол на агентите на Граничната патрола „да почнат да ги враќаат мигрантите на границата“ и „да ги држат сите надвор“.

Сепак, Мекалинан подоцна им кажал на агентите дека не се надлежни да го прекинат примањето мигранти и дека треба да ги игнорираат наредбите на претседателот.

Помошниците, наводно, се потсетиле дека Трамп на еден состанок предложил на мигрантите да им се пука во нозете „за да ги забават“, иако му било кажано дека тоа би било нелегално.

Тој, исто така, сакал ѕидот да биде зајакнат со електрифицирани шилци „што можат да прободат човечко месо“ и „ров исполнет со вода“ што ќе биде „преполн со змии или алигатори“.

Помошниците на Белата куќа, наводно, барале „процена на трошоците“ за ендек полн со алигатори.

Томас Д Хоман, кој беше вршител на должноста директор за имиграција и царински мерки, рече: „Претседателот беше фрустриран и мислам дека тој момент го искористи да го притисне копчето за ресетирање.“

„Претседателот сакаше тоа да се среди брзо“.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе