„Ако не сте среќни тука можете да си одите“

Трамп повторно жестоко ги нападна демократските пратенички: Ја мразат нашата земја (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно жестоко ги нападна четирите демократски пратенички во Конгресот, обвинувајќи ги дека ги „сакаат непријателите" на Америка и им порача дека можат да ги напуштат САД ако не се среќни во земјата.

„Оваа четворка постојано се жали“, рече Трамп во Белата куќа алудирајќи на пратеничките Александрија Окасио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Рашида Тлаиб од Мичиген и Ајана Пресли од Масачусетс.

„Тие ја мразат нашата земја. Шират силна омраза. Ако не сте среќни тука можете да си одите“, додаде Трамп.

Американскиот претседател претходно изјави дека овие пратенички можат „да се вратат од каде што дошле“, предизвикувајќи критики од лидерите на демократите кои неговите забелешки ги означија за расистички и ксенофобични.

Четирите конгресменки, за забелешките на Трамп рекоа дека со нив го одвраќа вниманието.

Претставничките Александрија Окасио-Кортез, Илхан Омар, Ајана Пресли и Рашида Тлаиб на прес-конференцијата во понеделникот ги повикаа Американците „да не загризуваат на мамката“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе