Трамп повторно твитува дека изборите му се украдени и дека тој е победник

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вчера за прв пат преку еден твит призна дека Џо Бајден ги освоил претседателските избори.

Фото: ЕПА

Тој рече дека Бајден победил затоа што изборите биле наместени, но набрзо објави нов твит во кој рече дека не признава ништо, очигледно ни победата на Бајден и дека изборите се лажни.

Трамп продолжи да твита и денес, и сè што објавува на Твитер говори за тоа како тој ги освоил изборите и како изборите биле наместени.

Досега, само од утрото, тој двапати објави дека победил.

Денес Трамп објави твитови во кои тврди дека победил, проследи туѓи, но и свои стари твитови и зборуваше за фактот дека изборите биле наместени.

„Победив на изборите“, напиша Трамп пред неколку часа, а потоа рече дека пребројувањето на гласовите во Џорџија е лажно.

Твитер стави предупредување на двете објави.

Тој, исто така, се пофали дека со вакцина за коронавирус се дошло за време на неговиот мандат и зборуваше за тоа како медиумите на лажни вести се обидуваат да му ги украдат изборите.

„Нема да им го дозволиме тоа“, рече тој.

Медиумите ја прогласија победата на Бајден на 7 ноември, но Трамп оттогаш одбива да го признае поразот.

Бајден доби 306 електорски гласови, далеку над 270 колку што биле потребни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе