Не сака крај на крвопролевањето во Јемен

Трамп повторно му се спротивстави на парламентот, стави вето на резолуција на Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на резолуцијата на Конгресот со која се бара сопирање на американската поддршка на саудиската колаиција во војната во Јемен, спротивставувајќи се со тоа втор пат за два месеци на одлуката на американскиот парламент.

„Оваа резолуција е бескорисен и опасен обид да се ослабат моите уставни овластувања, ги става во опасност животите на американските граѓани“, кажа Трамп во соопштение, осврнувајќи се на текстот кој го усвоија двата дома на Конгресот.

Конгресот го искористи законот изгласан во 1973 година за огрничување на воените овластувања на претседателот во конфликтите во странство.

Пратениците повикаа на прекинување на воените операции во Јемен каде од 2015 година Пентагон дава „неборбена поддршка“ на колаицијата предводена од Саудиска Арабија, сојузничка на САД.

„Даваме поддршка од повеќе причини. Пред сѐ нашата задача е да ја заштитиме безбедноста на над 800.000 Американци кои живеат во некои од земјите на коалицијата, а кои беа жртви на напади на Хутите од Јемен“, објаснува американскиот претседател во соопштението кое го пренесе Белата куќа.

Резолуцијата која беше прифатена во Претставничкиот дом во март и во Сенатот во април е првпат двата дома на парламентот да дадат поддршка на резолуција за воени овластувања која ја ограничува можноста на претседателот да испраќа војници во акција.

Поддржувачите на таа мерка кажаа дека војната во Јемен само ја влоши хуманитарната криза, и силно го критикуваа Ријад поради гинењето на цивили.

Тие тврдат и дека американското учество во Јемен ја крши уставната одредба според која Конгресот, а не претседателот, треба да одлучи кога земјата ќе учествува во војна.

Во четиригодишната граѓанска војна во Јемен, во која се борат коалицијата предводена од Саудијците која ги поддржува провладините сили против бунтовничките Хути со поддршка од Иран, загинаа десетици илјади луѓе.

ОН ја нарекува тамишната состојба најлоша хуманитарна криза, а земјата е на раб на глад.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе