Притисок за сузбивање на мигрантите

Трамп повторно изненади: Тарифи од пет отсто на сите производи од Мексико

Во изненадувачка најава американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи од пет отсто на мексиканските производи за да изврши притисок врз земјата да преземе повеќе за сузбивање на бранот мигранти од Централна Америка кои се обидуваат да ја преминат границата со САД.

„САД од 10 јуни ќе наметнат тарифи од пет отсто за сите производи што доаѓаат од Мексико во нашата земја, сè додека илегалната миграција од таа држава во нашата земја не биде спречена“, напиша Трамп на Твитер.

„Тарифата постепено ќе се зголемува се додека не се реши проблемот со илегалната миграција“, додаде тој.

Американскиот претседател ја обвини мексиканската влада дека не прави доволно за да го спречи бранот мигранти што доаѓа од земјите од Централна Америка Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе