Трамп повторно ѝ се потсмева на Грета Тунберг на Твитер, таа му врати

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно ѝ се потсмеваше на 16-годишната еколошка активистка Грета Тунберг, оценувајќи го за бесмислен нејзиниот избор за личност на годината од страна на американското списание Тајм.

„Тоа е смешно. Грета мора да поработи на својот проблем контрола на лутината, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм со другарка! Смири се малку Грета“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп исто така беше во потесниот избор за титулата личност на годината, заедно со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тунберг реагираше на истиот начин како што реагираше во вторникот кога беше критикувана од страна на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Таа не му одговори директно на Трамп, но го промени својот краток личен опис на Твитер, велејќи дека е „тинејџерка која работи на својот проблем контрола на лутината и во моментов се смирува и гледа стар, добар филм со пријател“.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазон.

„Грета вели дека Индијанци умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на такво детишта“, рече Болсонаро, користејќи го навредливиот португалски збор „pirralha“.

Тунберг тогаш во краткиот личен опис на Твитер напиша дека е „pirralha“.

Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади еколошки активисти, бидејќи ги предводеше неделните училишни штрајкови во Шведска поради неадекватна реакција на климатските промени, а со тоа инспирира слични акции во околу 100 градови низ целиот свет.

Таа привлече многумина со своите остри настапи на протести и конференции во изминатата година и половина.

Не е првпат Трамп да негодува на изборот на Тајм за личност на годината, по вчерашното прогласување на Грета Тунберг за лице на годината за 2019 година.

Во 2015 година, тој ја нападна германската канцеларка Ангела Меркел дека ја „уништи Германија“, бидејќи таа тогаш беше прогласена за личност на годината, а тој заврши на второ место, наведе Асошиејтед Прес.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе