Трамп повторно ги нападна сојузниците во Европа: „САД плаќаат 91 отсто од трошоците за вашата безбедност“ (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа по средбата со рускиот претседател Владимир Путин продолжи да ги критикува клучните американски сојузници тврдејќи дека Вашингтон покрива 91 отсто од трошоците за безбедноста на Европа.

„Плаќаме 91 отсто од трошоците за безбедноста на Европа“, кажа Трамп во разговорот за американски Фокс њуз повторувајќи го тврдењето што го изнесе на минатонеделниот самит на НАТО во Брисел.

Неговата изјава е пак спротивна на проценките на НАТО според кои САД треба да покријат една третина од безбедносните трошоци оваа година.

Трамп за време на самитот во Брисел им се нафрли на сојузниците, особено на Германија, поради премалото трошење на одбрана.

„НАТО е одличен, но повеќе ѝ помага на Европа отколку на нас“, изјави Трамп.

Сојузниците од НАТО се обврзаа да издвојуваат два отсто од БДП за безбедноста, но се очекува само осум од 29 членки да ја достигнат таа цел до крајот на годината. САД на одбрана трошат 3,5 отсто од БДП.

Претседателот Трамп изјави и дека односите со Русија се значително подобрени по вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека беше добро, но односите беа многу полоши пред пет часа“, кажа Трамп синоќа. „Ми изгледа дека претседателот Путин е многу силен“.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе