Трамп повикува да ѝ се дозволи на Русија да им се приклучи на Г7

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера рече дека би било соодветно да ѝ се дозволи Русија да ѝ се придружи на групата Г7 на напредни индустријализирани земји.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп истакна дека неговиот демократски претходник Барак Обама сакал да ја избрка Русија од она што порано беше Г8 „затоа што Путин го надмудри“.

„Но јас мислам дека е многу посоодветно Русија да биде внатре. Тоа треба да биде Г8, бидејќи многу работи за кои зборуваме, имаат врска со Русија“, рече Трамп.

Пред неколку дена францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе се спротивстави на приемот на Русија во групата сè додека трае украинската криза. Во конфликтот меѓу украинските трупи и силите поддржани од Русија во источна Украина загинаа повеќе од 13.000 луѓе од избувнувањето пред пет години.

„Забележавме дека Американците сакаат да ги реинтегрираат следната година. Украина е од витално значење. Постои контекст што може да биде поволен за одреден напредок“, рече денеска француски дипломатски извор, осврнувајќи се на коментари од новиот украински претседател.

Високиот руски политичар Константин Косачев се спротивстави на идејата за заживување на Г8 и наместо тоа предложи да се вклучат Кина и Индија во Г10.

„Мислам дека враќањето на Русија би имало смисла само ако е можно да се избегне ситуацијата 'седум против еден'“, напиша на Фејсбук Косачев, претседател на комисијата за меѓународни работи во горниот дом на парламентот на Русија.

Русија беше исфрлена од Г8 во 2014 година, поради анектирањето на Крим од Украина.

Ова не е првпат Трамп да ја предложи идејата Русија да се врати кај Г7, во која се наоѓаат САД, Германија, Јапонија, Франција, Велика Британија, Италија и Канада.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе