Трамп повика на „убивање на терористите со куршуми натопени во свинска крв“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди терористичкиот напад кој Исламска држава го изврши синоќа во Барселона.

„Бидете силни и цврсти, ве сакаме“, им порача тој на граѓаните на шпанскиот град.

Потоа, Трамп објави уште еден твит во кој пишува:

„Проучете што американскиот генерал Першинг им правел на терористите кога ќе ги фател. 35 години потоа немало радикален ислам“, порача американскиот претседател.

Трамп и во текот на предизборната кампања ја спомнуваше приказната за генералот Першинг,

Генералот кој се прослави предводејќи ги американските трупи во Европа за време на Првата светска војна, наводно на почетокот на 20 век на Филипините фатил 50 терористи кои направиле голема штета и убиле многу луѓе. Легендата вели дека ги закопувал со свињи и пушките на своите војници ги полнел со куршуми натопени во свинска крв. Војниците застрелале 49 војници, а на единствениот преживеан генералот наводно му кажал: „Оди и на своите луѓе кажи им што се случи тука“. Нормално, не постојат историски докази дека тоа навистина се случило.

Трамп оваа приказна ја користеше во предизборната кампања како пример како треба да се постапува со „радикалните исламистички терористи“. Вашингтон пост коментира дека американскиот претседател оваа приказна ја раскажал кога се залагал за враќање на „вотербордингот“ (мачење со вода).

Во конкретниот случај Трамп не спомна муслимани, но кажа: „Целиот фокус е на свињите – ја знаете приказната, знаете дека не сакаат свинско“. Исламот забранува конзумирање на свинско месо.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе