Трамп повеќе не крие дека по изборите не планира мирно да ја предаде власта (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп одби целосно да се обврзе на мирен пренос на власта по изборите во ноември.

EPA-EFE

„Ќе мора да причекаме и да видиме што ќе се случува“, кажа Трамп одговарајќи на прашањето на новинарите за обезбедување мирно примопредавање на власта.

Новинар го праша американскиот претседател: „Ако победите, изгубите или се повлечете од изборите, ќе се обврзете ли тука денес на мирен трансфер на власта по изборите?“

По многу опширниот одговор, Трамп возврати дека „власта ќе продолжи“.

Најпрво кажа: „Ќе мора да причекаме да видиме што ќе се случи“. Па додаде: „Искрено, неа да има трансфер на власта, само продолжување“.

Кога во 2016 година Трамп за првпат се кандидираше за функцијата, се обврза да ги прифати изборните резултати ако се јасно и ако излезе како победник.

Трамп во овој изборен круг назначи дека би можел да ги оспори изборните резултати на суд, што сега добива ново значење бидејќи се подготвува брзо да го пополни празното место во Врховниот суд по минатонеделната смрт на судијката Рут Бејдер Гинсбург.

Земјата со месеци ја тресат немири предизвикани од протестите против полициската бруталност и расизмот, како и од реакциите на поддржувачите на Трамп.

Во сегашните анкети, републиканецот Трамп заостанува зад демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе