Трамп поведе во битката со Мадуро – два танкери од Иран се сопрени

Американската влада успеа да сопре два танкери кои превезуваат иранска нафта кон Венецуела, објавија американските медиуми.

EPA-EFE

Според Фокс њуз, станува збор за танкери во сопственост на Грк кои пловат под либериско знаме.

Одлуката да се откажат од впловување во венецуелските пристаништа доаѓа откако американските власти се заканија со остри санкции, јавува Фокс, повикувајќи се на извори од Стејт департментот.

Првиот од најавените пет танкери вплови во венецуелско пристаниште во неделата, по што владата на претседателот Николас Мадуро објави дека уште два брода ја „пробиле“ американската блокада, иако морнарицата на САД соопшти дека нема со сила да ги спречува испораките.

Американците протестираа поради извозот на иранската нафта во Венецуела, бидејќи двете земји се под казнени мерки кои ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Еден ден пред доаѓањето на танкерот, венецуелските власти на брегот поставија противвоздушни ракетни системи, а Мадуро се сретна со оружените сили, најавувајќи вежба на противвоздушните сили на брегот на Атлантскиот Океан.

Техеран и Каракас остро го предупредија Вашингтон дека ќе одговорат на каков било обид за спречување на танкерите да ја истоварат нафтата во Венецуела. Американската влада и пионот на САД во Венецуела Хуан Гуаидо тврдат дека нафтата е платена со „крваво злато“.

Во последните недели Американците ги засилуваат поморските сили во Карипското Море, тврдејќи дека тоа е резултат на проширувањето на акциите против нарко-картелите.

Иако Вашингтон отфрли каква било поврзаност со неодамнешното истоварување на триесеттина вооружени лица на венецуелскиот брег, односните меѓу двете држави со години се на раб на конфликт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе