Трамп потврди дека синот на Осама бин Ладен, Хамза, е убиен во американска антитерористичка операција

Претседателот Доналд Трамп денес изјави дека синот на починатиот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, бил „убиен во антитерористичка операција на Соединетите Американски Држави во регионот Авганистан/Пакистан", јави Си-ен-ен.

Тој не наведе кога точно се одвивала операцијата ниту кога точно бил убиен.

„Загубата на Хамза бин Ладин не само што ја лишува Ал Каеда од значаен лидер и ја уништува симболичната поврзаност со неговиот татко, туку и ги поткопува важните оперативни активности на групата“, се вели во изјавата на претседателот.

Трамп исто така рече дека „Хамза бин Ладин бил одговорен за планирање и соработување со разни терористички групи“.

Во јули, медиумите објавија дека САД сметаат дека Хамза бин Ладен е мртов, цитирајќи американски официјални претставници. Еден службеник за Си-ен-ен во тоа време изјави дека САД имале улога во неговата смрт, но не наведе детали.

Претходно оваа година американскиот Стејт департмент оцени дека Бин Ладен, за кој се веруваше дека е во раните 30-ти години, е „нов“ лидер во терористичката група Ал Каеда, нудејќи милионска награда за информации што ќе доведат до негово апсење.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе