„Пат кон крај на војната“ во Авганистан

Трамп потврди дека САД ќе потпишат мировен договор со талибанците

Претседателот Доналд Трамп соопшти дека САД наскоро ќе потпишат договор со талибанците и владата на Авганистан, што би овозможило повлекување на американските трупи од таа земја.

Американската војска во Авганистан води речиси 20-годишна војна.

Државниот секретар Мајк Помпео заминува во Катар, каде ќе биде сведок на потпишувањето на договорот со талибанците во Доха, додека министерот за одбрана Марк Еспер „ќе даде заедничка изјава“ со владата во Кабул, објави Трамп.

„Ако талибанците и владата на Авганистан ги исполнат овие обврски, ќе имаме силен пат напред да ставиме крај на војната во Авганистан и да ги вратиме своите трупи дома“, наведе тој.

Американскиот претседател ги опиша претстојните обврски како „важен чекор кон траен мир во Авганистан, ослободен од Ал каеда, Исламска држава и која било друга терористичка група која би сакала да им наштети на САД“ и го повика народот на Авганистан „да ја искористат оваа прилика за мир и нова иднина“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе