Трамп потпиша указ, ќе го забрани Тикток во САД за 45 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршен указ со кој на сите американски граѓани им се забранува вршење трансакции со кинеската компанија Бајтденс, во чија сопственост е популарната апликација Тикток, а указот стапува на сила за 45 дена.

EPA-EFE

Според указот објавен синоќа, Тикток се смета за „закана“ за националната безбедност и се предупредува на автоматското собирање податоци кое е можно со користењето на апликацијата.

„Ваквото собирање податоци претставува закана и би можело да ѝ овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до личните и сопственички податоци на Американците“, се наведува. „Соединетите Држави мора да преземат жестоки мерки против сопствениците на Тикток за да ја заштитат својата национална безбедност“.

Указот следи откако Мајкрософт најави дека размислува за можноста за купување на американскиот дел на операциите на Тикток од компанијата Бајтденс и одреди 45-дневен рок за склучување на зделката.

Трамп го поддржа потегот на софтверскиот џин со седиште во Сиетл.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе