Трамп потпиша наредба за дупчење на Месечината

Додека светот се бори со пандемијата на коронавирусот, Доналд Трамп има и други грижи. Претседателот на САД потпиша наредба со која ги охрабрува САД да почнат со ископување на Месечината во потрага по минерали.

Гардијан пишува дека наредбата на Трамп значи дека САД не ја гледаат вселената како глобална заедница, туку дека дупчењето на Земјиниот сателит планираат да го прават без каков било меѓународен договор.

„Американците би требало да имаат право да се впуштат во комерцијални исражувања и користење на ресурсите во вселената“, се наведува во наредбата на Трамп, со сополнување дека САД никогаш не го потпишале документот од 1979 познат како „Договор за Месечината“.

Со овој договор е предвидено дека сите вселенски активности треба да бидат во согласност со меѓународното право. Конгресот на САД во 2015 година усвои закон јасно дозволувајќи им на американските компании да ги користат ресурсите од Месечината и астероидите.

Новиот елан на Трамповата администрација за почнување на дупчење на Месечината е во согласност со неговата ентузијастична поддршка на рударството на Земјата. Администрацијата отвори големи површини од сојузното земјиште за дупчење за нафта и гас, со тоа што Трамп поддржа разни измени на законите за животна средина во обид да се заживее потклекнатата индустрија на јаглен.

Меѓутоа, не сите понуди за дупчење ги преземаа компании за фосилни горива, а неизвесно е колкав е интересот на приватниот сектор за ископување на Марс. Извршната наредба на Трамп вели дека „сојузната влада ќе бара партнерство со трговските субјекти за извлекување и користење на ресурсите, вклучувајќи вода и одредени минерали, во вселената“.

Гардијан додава дека Трамп од лани се залага за американска надмоќ во вселената, формирајќи ги таканаречените Вселенски сили на американската војска за водење вселенски војни таму каде што е тоа потребно. Меѓутоа, во јуни со еден твит покажа дека нема поим за вселената и нејзиниот состав кога објави дека „НАСА треба да се фокусира на многу поголемите нешта што ги прават, вклучувајќи го и Марс (чиј дел е Месечината)“.

Остана нејасно дали Трамп мисли дека Месечината е всушност дел од Марс, иако тие се прилично одалечени – Месечината, која кружи околу Земјата, е одалечена околу 384 илјади километри од нашата планета, додека планетата Марс е 210 милиони километри од нас.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе