„Национална тревога“

Трамп потпиша извршна наредба која го отвора патот за забрана на Хуавеј во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи национална тревога за технологијата дизајнирана или произведена од страна на „националните противници“, акт кој се сфаќа обид да се блокираат кинеските компании ЗТЕ и Хуавеј да влезат на 5Г пазарот.

Тврдејќи дека „странските непријатели забрзано создаваат и ги користат слабите точки во информациската и комуникациската технологија и услуги“ од кои САД сѐ повеќе зависат, извршната наредба на Трамп објавува тревога за информациските и комуникациските технологии дизајнирани, развиени, произведени или набавени од странство.

Тревогата му овозможува на министерството за трговија авторитет да блокира какви било трансакции кои претставуваат „непосреден ризик од саботажа или субверзија“ на ИТ или комуникациските технологии и услуги, или пак „непосреден ризик од катастрофални ефекти за безбедноста на критичната инфраструктура или дигиталната економија“.

Постои и член кој овозможува да се блокира сѐ што „на каков било начин претставува неприфатлив ризик за националната безбедност на САД или на безбедноста на Американците“.

Министерството за трговија треба да ги именува компаниите или технологиите кои треба да бидат забранети со овој указ, и треба да направат систем за негово спроведување.

Иако нема конкретни држави именувани во декларацијата за тревога, и администрацијата на Трамп и Конгресот во повеќе наврати ги истакнаа кинеските гиганти ЗТЕ и Хуавеј како потенцијални закани за САД, особено нивниот развој на 5Г технологијата.

Пекинг ја осуди мерката како дискриминирачка, реагирајќи на повеќето извештаи на американски медиуми за подготовката на ваквата извршна наредба.

„Ова не е ни грациозно ниту фер“, кажа портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг во вторникот. „Ги повикуваме САД да престанат да се повикуваат на безбедносни закани како изговор за неоправданото блокирање на кинеските компании и да обезбедат фер и недискриминирачка атмосфера за кинеските компании кои работат во САД“.

Извршната наредба на Трамп доаѓа само неколку дена по пропаѓањето на американско-кинеските трговски преговори.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе