Трамп постави човек што смета дека вакцините се штетни да одлучува за безбедноста од нив

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот побара од Роберт Кенеди Помладиот, еколог што смета дека вакцините се штетни и дека се поврзани со некои форми на аутизмот, да претседава со комисија за безбедноста на вакцините.

Адвокатот, син на сенаторот Роберт Кенеди и внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, исто како Трамп изразува сериозни сомнежи во штетноста на вакцините и изјавува дека некои од нив предизвикуваат аутизам, што го негираат медицинските институции врз основа на сериозни истражувања.

„Тој побара да претседавам со комисијата за безбедност на вакцините“, им кажа Кенеди на новинарите по телефонски разговор со Доналд Трамп и додаде дека го прифатил барањето.

Претседателската комисија треба „да гарантира научна исправност во процесот на производство на вакцините за да бидат ефикасни и безбедни“, изјави Кенеди.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе