Трамп: Поради Србија и Косово ми дадоа Нобелова награда за мир... сепак не (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп направи лапсус на предизборен собир во Њу Хемпшир каде што кажа дека добил Нобелова награда за мир.

EPA-EFE

Тој кажа дека наградата ја добил поради своите меѓународни дипломатски способности и учеството во преговорите на Белград и Приштина, но брзо се поправи и кажа дека мислел на номинација за таа награда.

Тој кажа дека добил уште една награда за „нешто друго“, како и дека требало да ја добие за неговата работа во Сирија, пренесува британски Индипендент.

„Србија и Косово, па потпишавме договор, па за тоа ми дадоа награда, ми дадоа Нобелова награда за нешто друго, требаше да ми дадат Нобелова награда за она што го направив во Сирија“, кажа Трамп.

Меѓутоа, откако го кажа тоа, брзо се поправи дека станува збор за номинации за Нобеловата награда.

„Кога велам Нобелова награда, мислам на номинација“, кажа Трамп.

Годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир е Светската програма за храна на Обединетите нации за својот придонес во борбата против гладот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе