Додека Домот се обидува да го отповика

Трамп порача дека се противи на насилството и ги повика Фејсбук, Твитер да помогнат за мирна транзиција

Претседателот Доналд Трамп порача дека се противи на насилството, во соопштение што беше прочитано и во Претставничкиот дом додека членовите дебатираат за импичмент поради неговата улога во поттикнувањето на насилничкиот бунт во Капитол минатата недела.

Фото: ЕПА

Пораката на Трамп во Домот ја прочита републиканскиот претставник Џим Џордан од Охајо.

„По повод информациите за можни нови демонстрации, апелирам дека не смее да има НИКАКВО насилство, прекршување на законите и вандализам од кој било вид“.

„Тоа не е она за што се залагам јас и не е она за што се залага Америка. Ги повикувам СИТЕ Американци да помогнат во смирување на напнатоста и смирување на страстите. Ви благодарам“.

Тој ги повика и таканаречените технолошки џинови како Фејсбук и Твитер да помогнат со „мирната транзиција“ на власта идната недела, пренесе Индипендент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе