Трамп понуди решение за Боинг 737 Макс: Додади одлични функционалности и ребрендирај!

Претседателот Трамп понуди совет до авијацискиот гигант Боинг за тоа како да се справи со проблемите на својот модел Боинг 737 Макс по светското заземјување. Претседателската мудрост е вклопена во еден твит.

Самопрогласениот „стабилен гениј“ денес се пофали дека неговото знаење за брендирање му помогнало да стане претседател и откри што би направил тој доколку е на местото на Боинг.

„Што знам јас за брендирање, можеби ништо (но станав претседател!)“, напиша Трамп на Твитер.

„Би го поправил Боинг 737 Макс, би додал некои дополнителни одлични функционалности, и ќе го РЕБРЕНДИРАМ авионот со ново име“, додаде тој.

„Ниеден производ не претрпел вакво нешто. Но, сепак, што знам јас по ѓаволите?", напиша Трамп.

Боинг се обидуваат да се справат со проблемите на популарниот модел кој на светско ниво е заземјен по двете авионски несреќи што доведоа до вкупно 346 жртви и очигледно биле предизвикани од истиот дефектен систем против застој.

Производителот е обвинет за пропустите поради забрзување на производството на патничкиот авион и несоодветното обучување на пилотите за тоа како да се справат со дефекти.

Трамп минатиот месец се пожали за нивото на автоматизација на современите авиони, велејќи дека авионите бараат „научници од МИТ“ да пилотираат.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе