Трамп помилува двајца војници осудени за воени злосторства

Претседателот на Соединетите Американски Држави ги помилува мајорот Метју Голстејн и поручникот Клинт Лоренс, осудени за воени злосторства, се наведува во соопштението на Белата куќа.

„Овој потег е во согласност со претходната изјава на претседателот Доналд Трамп ‘кога нашите војници се борат за нашата земја, сакам да им дадам поддршка да продолжат да се борат’“, изјави Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.

Голстејн требало да биде изведен на суд следната година во врска со случајот од 2010 година за убиен Авганистанец. Во изјава му се заблагодари на претседателот за ваквиот потег.

Помилувањата ќе го спречат Пентагон да покрене и други обвиненија против овие лица.

Лоренс е осуден за убиство во 2013 година, бидејќи наредил убиство на двајца невооружени Авганистанци и одлежа шест години затвор.

Медиумите исто така објавија дека Трамп размислува да го врати Еди Галагер во единица на морнарицата, а кој бил осуден поради фотографирање покрај мртов џихадист во Авганистан.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе