Трамп побара од Турците да се откажат од купувањето на моќните руски ракети, тие го игнорираат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на американскиот претседател Доналд Трамп за време на разговорите минатата недела му кажа дека Турција нема да се откаже од руските системи за противвоздушна одбрана С-400 набавени годинава, и покрај негодувањата на нејзините сојузници од НАТО.

Анкара и Вашингтон се скарани околу набавката на С-400, за кои Вашингтон смета дека не се компатибилни со одбраната на НАТО и дека претставуваат закана за најновиот американски авион Ф-35.

Како одговор, САД ја суспендираа Турција од програмата за развој на авионите, во која беше и купувач и произведувач, и предупреди на можни санкции околу договорот.

Минатата недела Ердоган и Трамп се сретнаа во Белата куќа да ги надминат сите можни разлики за многу прашања, од набавката на С-400 до сириската политика.

За време на разговорите Трамп побарал од Ердоган да се откаже од системот С-400 и наместо нив да набави американски системи „патриот“.

Ердоган денес кажа дека за време на неговите разговори со Трамп му кажа дека нема да се откаже од С-400.

„Се сложуваме дека треба да бараме решенија околу С-400. Му објаснив уште еднаш на Трамп како дојдовме до тоа да ги купиме системите С-400“, им кажа Ердоган на партиските пратеници во турскиот парламент.

„Му кажав дека не можеме да се откажеме од С-400 и дека Турција нема да се предомисли“, кажа тој.

Тој ја повтори заканата дека Турција ќе набави борбени авиони од друга земја доколку Вашингтон продолжи да го блокира купувањето на Ф-35.

„Доколку потрае бескомпромисниот став за Ф-35, ќе му кажеме (на Трамп) дека Турција ќе побара алтернативи за да ги исполни своите среднорочни потреби“, кажа Ердоган.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе