САД испраќаат воени бродови

Трамп по уривањето на американскиот дрон: „Иран направи многу голема грешка!“

Иран и САД денес ја продолжија вербалната војна откако Иран собори американско воено беспилотно летало тврдејќи дека било во шпионска мисија над неговата територија, додека Вашингтон тврди дека дронот е соборен во меѓународниот воздушен простор и дека нападот не бил испровоциран.

Инцидентот ги разгоре стравувањата од поголем воен конфликт на Блискиот Исток додека американскиот претседател Доналд Трамп спроведува кампања за изолирање на Иран поради неговата нуклеарна и балистичка програма и учеството во регионалните војни. Американските медиуми објавија дека воената морнарица на САД испраќа бродови на местото на кое бил урнат дронот.

Трамп на социјалната мрежа Твитер го осуди потегот на Иран, истакнувајќи дека земјата „направила многу голема грешка“.

Од Москва, пак, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека американското посегнување по воена сила против Иран би било „катастрофа“.

Ова е најновиот инцидент во низата во регионот на Арапскиот Залив, клучната артерија за глобалното снабдување со нафта, вклучувајќи ги и нападите врз шест нафтени танкери и изгледа дека Вашингтон и Техеран несопирливо лизгаат кон војна, оценува Ројтерс.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе