Трамп по само 3 минути излетал од состанок со Пелоси и Шумер

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ненадејно ја прекина закажаната средба со демократските лидери во Конгресот, па ја критикуваше претседателката Ненси Пелоси, која го обвинила за прикривање. Трамп рече дека не може да работи со нив сè додека не престанат да водат истраги против него.

Потоа излегол во Градината на розите, каде што биле собрани новинарите, и „накострешен“ дал изјава и побарал од демократите „да ги прекинат овие лажни истраги“, објави Њујорк тајмс. Трамп рече дека тие не можат во исто време да донесуваат закони и да водат истраги. „Работите ќе ги вршиме една по една“, рекол тој.

Овој судир се случува на ден кога притисокот за можен импичмент ги зовре двете партии. Пелоси пристигна во Белата куќа на средба со претседателот за да разговараат за инфраструктурата, кратко време по состанокот со темпераментните демократи на Капитол Хил на кој се разговарало за импичмент. По тој состанок со демократите Пелоси го обвини Трамп за „прикривање“.

Кога таа и сенаторот Чак Шумер од Њујорк, лидерот на демократите, пристигнале во Белата куќа, Трамп веќе бил спремен за кавга. Тој влегол во кабинетот и не се ракувал со никого ниту пак седнал на своето место, раскажал демократ информиран за средбата. Тој рекол дека сака да ги унапреди законите за инфраструктура, трговија и други прашања, но дека Пелоси рекла нешто „ужасно“ обвинувајќи го за прикривање, според демократот.

По само три минути, тој ја напуштил собата пред да прозбори некој друг. Оттаму, тој се упатил кон Градината, каде што бил поставен пулт со напис „Нема дослух, нема опструкција“ и дал статистика со цел да покаже дека соработувал со специјалниот советник, Роберт С. Малер III.

„Наместо среќно да влезам на состанок, јас влегувам за да гледам во луѓе што штотуку рекле дека вршам прикривање“, рече Трамп. „Јас не вршам прикривање“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе